Татран ослабен доаѓа кај Еурофарм Пелистер, го раскина договорот со искусен интернационалец

Словачкиот првак Татран Прешов ќе допатува ослабен во Битола кај Еурофарм Пелистер за натпреварот од регионалната СЕХА лига.

Раководството на овој тим и тунискиот репрезентативец Џинед Џебала решија да го раскинат договорот поради големите здравствени проблеми на Џебала.

Тој има проблеми со грбот, за кои ќе треба многу долго време да бидат решени и тој ќе се врати во татковината.

Џебала одигра седум меча оваа сезона во Лигата на Европа и даде 27 гола, во домашниот шампионат на 11 дуели даде 36 погодоци, а постигна пет гола на двата меча од СЕХА лигата.

Сега стратегот Славко Голужа на пикерската позиција ќе остане само со рускиот репрезентативец Роман Царапкин.