Татко и син ќе играт заедно во Татран Прешов

Учесникот во СЕХА лигата, Татран Прешов во сезоната која започна ангажираше нов ракометар на позицијата лев бек.

Во составот на Татран Прешов се врати 22-годишниот ракометар, Кирил Радченко кој во словачкиот шампион пристигнува од екипата на Кошице.

Младиот ракометар во Татран Прешов ќе настапува со неговиот татко, Александар Радченко кој се уште е активен во ракометот и се наоѓа во добра форма на 48-годишна возраст.

Амбициите на Татран Прешов се подобри резултати во меѓународните натпреварувања, како и одбрана на двојната круна во Словачка.