Татабања му го „украде“ најголемиот бисер на Веспрем

Екипата на Татабања за следната сезона го ангажираше младиот Марко Еклемовиќ, кој во тимот на Чаба Томбор ќе пристигне од академијата на Веспрем, поточно од БФКА Веспрем.

15-годишниот ракометар важи за еден од најголемите таленти на неговата возраст. Татабања развојот на Еклемовиќ го следела во последните две сезони и во текот на овој месец двете страни се договориле на заедничка соработка.

Во октомври 2022 година, кратко по неговиот петнаесетти роденден, тој го одигра својот прв сениорски натпревар за БФКА Веспрем, настапи во третото коло од Купот на Унгарија и на натпреварот против Будакалаш беше прв стрелец со шест погодоци.

На неговата позиција, среден бек, во Татабања моментално настапуваат пет играчи, меѓу нив и екс членот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ. Марко е син на некогашниот репрезентативец на тогашната репрезентација на Србија и Црна Гора, Никола Еклемовиќ.

Некогашниот член на Веспрем, ПИК Сегед, Висла Плоцк… во периодот од 2008 до 2010 настапуваше за репрезентацијата на Унгарија.