Тасевска со одлична партија, Дорнбирн славеше против Тулин

Македонската интернационалка Марија Тасевска продолжува со одличните партии во австрискиот шампионат.

Таа беше еден од предводниците на нејзиниот тим Дорнбирн, кој прослави гостинска победа кај Тулин со 34-27 во натпревар од 19 кол.

Левото крило од Македонија беше втор стрелец на мечот и постигна седум погодоци, а заработи и едно исклучување.

Следен предизвик за Тасевска и Дорнбирн ќе биде гостувањето кај Румс Јагс, тимот што беше елиминиран од Ѓорче Петров во Европскиот Куп.