Тасевска со одлична партија, го водеше Дорнбирн до триумф

Тимот на Дорнбирн, каде што настапува македонската интернационалка Марија Тасевска, забележа победа во австрискиот шампионат.

Дорнбирн беше подобар од составот на Фуксе со 29-23, а левото крило од Македонија беше меѓу најдобрите стрелци.

Тасевска успеа да постигне шест погодоци и ја продолжи одличната форма во која настапува во пролетниот дел од сезоната.

Следен предизвик за Тасевска и нејзиниот тим во Австрија ќе биде гостувањето кај составот на Грац.