Тасевска броеше до 12, Металург без мака против Овче Поле СУ

Еден од фаворитите за титулата во Женската лига, тимот на Металург продолжува со победничката серија.

По лесната победа кај Пелистер и тешкиот триумф против Чаир, тимот од Автокоманда немаше проблеми на гостувањето кај Овче Поле СУ и славеше со убедливи 24-44.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога гостинските ракометарки направија предност од плус 11 голови, 10-21, која во вториот дел беше рутински одржана и зголемена.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Тасевска со 12 голови и Мирјана Петковска со шест погодоци, додека кај домаќинките се истакна Елена Вучевска со осум голови.