Талески: Словенија секогаш може до медал, но и ние сме добро подготвени

потпис

Еден од ракометарите кои веќе имаат настапи на неколку првенства и од кои се очекува да блесне во сиот сјај на Европското првенство е Филип Талески, кој сезонава постојано ја креваше својата форма во дресот на Вардар.

Пред утрешната средба против Словенија имаше пофални зборови за противникот.

„Репрезентацијата на Словенија секогаш има квалитетен состав. Тоа е селекција која на сите натпреварувања е подготвена да се бори за медал. Сепак, и ние работевме добро во овие подготовки. Тренираме од 22 декември и подготвени сме за да се надигруваме и ќе го направиме тоа. Како ќе биде ќе се види утревечер на терен, па подобриот нека победи“, коментираше Талески.

Натпреварот против Словенија се игра на отворањето на шампионатот и дефинитивно ќе биде интересно бидејќи мора да се даде максимумот за добар старт на турнирот.