Norway vs North Macedonia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Krakow, 13.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Талески: Овој пораз не треба да ни ја разниша самодовербата

Машката репрезентација стартуваше со убедлив пораз од Норвешка со 38-27 на Светското првенство во Полска и Шведска.

Еден од клучните играчи во репрезентацијата на Македонија, Филип Талески вели дека овој натпревар треба да ни биде школа за следните натпревари.

„Ние тргнавме со мисла да ја победиме Норвешка и можам да кажам дека дваесетина минути се држевме рамноправно, меѓутоа тие технички грешки овие репрезентации ги казнуваат веднаш и тоа се покажа. Потоа ни направија серија од 5-6 гола и на полувреме веќе губевме со седум разлика. Во второто само се одржуваше таа разлика, ќе намалевме па повторно ќе се вратеа на 10…Ова треба само да ни биде една школа, дека со Холандија не смееме да ги правиме тие грешки во напад“, изјави Талески.

Левиот бек вели дека овој пораз нема да ја наруши самодовербата.

„Ќе анализираме добро, мислам дека не би требало ова да ни ја руши самодовербата. Ако победивме денеска ќе беше едно големо изненадување, не се случи тоа и сега сме фокусирани на следните два меча. Таков беше и договорот. Ни останува да преспиеме, да ја оладиме главата од овој пораз и утре да се подготвиме максимално за Холандија. На тој натпревар нема оправдување – мора да се победи“, заврши Талески.

За Македонија сега следува натпреварот против Холандија, на 15 јануари од 18:00 часот.

„Со ваква игра ни на сон нема да ја победиме Македонија“