Талески: Го остваривме зацртаното, но не смееме да имаме падови и технички грешки

Очекувано Македонија со победа и тоа убедлива ги почна квалификациите за ЕП 2024 година. Во Скопје „падна“ Луксембург кој замина со полна мрежа, 38-24 (18-7). Во отсуство на оние што во минатото го носеа најголемиот товар, сега главните алки во тимот се Талески, Куамановски, Митревски….

Бекот на Вардар одигра речиси две третини од натпреварот. Постигна три гола, но важно е што сега тимот почнува да се воигрува и да созрева, да се осознава меѓусебе. Македонија играше одлично, иако и Талески признава дека на моменти имале пад во играта кој во иднина треба да се надмине.

„Ние во голем процент го остваривме зацртаното пред мечот. Не смееме да имаме техничлки грешки и пад во играта, особено во второто полуврем. Не треба да му се дозволи на ривалот да се врати во игра. Тоа може да не чини многу со посериозни репрезентации. Треба да продолжиме за тоа што ни го зборува селекторот. Останува еден ден за рехабилитација, и да се спремаме за Турција со ладни глави. Тој меч во овие квалификации ќе биде клучна, вели Филип Талески.

Македонија во квалификациите за ЕП 20224 година с енаоѓа во група со Луксембург, Португалија и со Турција. Токму против Турција го играме следниот натпревар.

Македонија со „новите момчиња“ доминантно и триумфално го почна патот на ЕП 2024