„Талант понекогаш е построг кон Алекс и Даниел отколку со остaнатите во екипата“

Најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите беше ракометарот на Келце, Артем Каралек. Пикерот имаше одлични издание во двата дуелa но не успеа да стигне до трофејот.

Искусниот ракометар во интервју за сајтот „Зеркало“ зборуваше на различни теми, а меѓудругото го сподели односот на тренерот на Келце, Талант Душебаев кон неговите синови.

„Алекс и Даниел се ракометари од највисоко ниво, како и останатите момци на Келце. Кај Талант нема отстапки туку напротив, тој понекогаш е уште построг кон синовите отколку со остнатите во екипата. Авторитетот се одржува, на тренинзите може да кажат по нешто на шпански, но тоа е само на шега“, рече Каралек.

Белорускиот репрезентативец и понатаму останува во Келце со кој има договор до 2025 година и ќе се обиде да стигне до трофејот во Лигата на шампионите веќе следната сезона.