Така прават големите: Со транспарент му побара автограм, тој му подари и дрес (ФОТО/ВИДЕО)

Големината на спортистите не се мери секогаш според резултатите кои ги постигнуваат на терените и бројот на головите туку и според она што ќе го покажат и надвор од терените.

Еден потег на Микел Хансен ги разнежни срцата на сите бидејќи исполни сон и голема желба на детенце кое со транспарент побара од него да добие автограм. Тој покрај автограмот му подари и дрес од тимот на ПСЖ, стегачот за коса и го зема в раце за да се фотографира со него.

Дефинитивно немаше крај на среќата на детето кое успеа да добие многу повеќе од она што го бараше од својот миленик. Данецот Микел Хансен само покажа дека е голем човек, покрај тоа што е голем спортист. Моментот можете да го погледнете во продолжение. За секоја пофалба.