Тажна вест: Почина млад ракометар на Аеродром

Македонскиот ракомет повторно е завиен во црно, откако згасна животот на еден млад ракометар.

Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше дел од новиот суперлигаш Аеродром десетина години.

Петрески, кој починал во својот дом, повеќе од десетина години го носеше дресот на Аеродром.

Левото крило се наоѓаше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на СП.