„Сè уште сум млад, сакам да се вратам во репрезентацијата“

Хрватскиот интернационалец, голманот Филип Ивиќ заврши со настапите во Бундес лигата и од наредната година ќе ги брани боите на Целје. Главна цел му се одлични настапи и враќање во репрезентацијата на Хрватска.

Минатата сезона Ивиќ бранеше во Гумерсбах во втората Бундес лига, но бидејќи клубот не успеа да се избори за место во најдобрата лига, Хрватот го напушти тимот. Според неговите зборови, Ивиќ изгледа сосема самоуверен дека може да избори место во најдобрата селекција на Хрватска.

„Тоа си го поставив како цел, сакам да се вратам, а тоа го можам само доколку сум во врвна форма. Уверен сум дека можам да го сторам тоа, доволно сум млад“, рече Ивиќ за sportnet.rtl.hr.

За Хрватот заинтересиран беше и најдобриот тим од Хрватска, Загреб, но сепак Ивиќ одлучи дека подобар избор во овој момент за него е Целје. Исто така голема улога за трансферот на Ивиќ во Целје е Лука Звижеј кој влијаел на одлуката на голманот.