Супер машка лига: Езерски двобој, но годинава нема да биде дерби

Поради ослабениот состав на екипата на Струга денешната пресметка против Охрид нема да биде дерби како во минатата сезона. Составот на Струга е во тешка ситуација и затоа тука Охрид ќе биде фаворит и се очекува без проблеми да се избори за три бода.

Гостите се фаворити на хартија уште на два дуели.

Пролет денеска игра кај Вардар јуниор во првиот меч од денешната програма и тука се очекува да успее да се избори за бодови. Ако успее во тоа тогаш продолжува да чекори сигурно во битката за првите четири места на табелата.

Денеска за Металург ќе дебитира Зоран Кастратовиќ како тренер и тој ќе го предводи клубот во битката за бодови во Битола кај Пелистер и тука не би требало да има проблеми.

Останува пресметката меѓу Радовиш и Работнички, а на овој дуел домашните се во предност пред стартот на натпреварот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 2    29:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 7, Младеновски 4, Ѓеоргиевски 4 – Стојановиќ 13, Стоилевски 2, Гајиќ 2

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

15:30ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 62

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

19:00ч

РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

19:30ч

СТРУГА – ОХРИД 2013

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Охрид 15 (159:132); 3. Бутел Скопје 15 (194:169); 4. Пролет 14 (177:163); 5. Радовиш 9 (190:183); 6. Пелистер 8 (151:152); 7. Вардар јуниор 6 (156:185); 8. Работнички 4 (176:205); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (205:248).