Суперлигашки засилувања за прволигашот – квартет ракометари потпиша за Македонија ЃП

Тимот на Македонија Ѓорче Петров по ангажманот на новиот тренер Адријано Котевски, реши да ангажира и засилувања пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата лига.

Досега дојдоа четворица ракометари, а до стартот на натпреварите сигурно ќе дојдат уште неколку.

Станува збор за досегашните ракометари на Струга – двоецот Филип Пајкоски и Ивица Дукоски, кои со Котевски своевремено соработуваа во Прилеп.

Доаѓа и искусното десно крило Бојан Николовски од суперлигашот Скопје, а претходно играше за Пролет, Бутел Скопје и Металург 2, како и голманот Мартин Божиновски, кој минатата сезона бранеше за Вардар Неготино, а има настапувано и за Металург 2.

Македонија Ѓорче Петров е дел од групата Б и се наоѓа на шестата позиција со 15 бодови. До крајот на регуларниот дел остануваат уште пет кола во кои тимот од Ѓорче Петров ќе се обиде да стигне до петтото место што носи пласман во плеј-офот.

Македонија ЃП со зголемени амбиции – Адријано Котевски е нов тренер