Суперлигата стартува во петок: Нема гледачи во сала, ама ќе има преноси на МТВ!

Овој петок ќе започне новата сезона во Суперлигата. Протоколот ќе биде „главното правило“ на кое ќе мора сите да се придржуваат за да може се да мине со што помалку проблеми.

Публика нема да има, ниту новинарите нема да имаат пристап во сала, а сите клубови, ракометари и официјални лица ќе мора да се однесуваат одговорно.

По неколку години пауза, македонскиот клупски ракомет се враќа на ТВ екраните. Македонската телевизија ќе врши преноси на дел од натпреварите, а за првото коло избор е натпреварот меѓу КЛ7 и Охрид в петок од 19:00 часот.

Првото коло од елитната машка конкуренција ќе се игра на 11 септември, една седмица подоцна ќе почне и Женската лига, додека на 25 септември ќе започнат и натпреварите од Првата лига.