Струшкиот турнир во нов термин, познати се сите шест учесници

Струшкиот турнир ова лето ќе го има своето 49. издание на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга.

Познати се сите шест екипи што ќе играат на турнирот, но има мала промена во датумите. Наместо претходно најавениот термин од 11 до 14 август, турнирот ќе се игра од 12 до 15 август.

Покрај домаќинот Струга, ќе играат екипите на Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Tиквеш.

Двете групи и распоредот на натпреварите ќе биде познат во следниот период. Титулата од лани ќе ја брани Еурофарм Пелистер.