Струмичани убедливи против Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Астраион без многу проблеми триумфираа против прволигашот Македонија Ѓорче Петров со убедливи 31:19 во осминафиналето од Купот на Македонија и обезбедија пласман во четвртфиналните натпревари.

Гостите од Ѓорче Петров имаа сили само за првите минути при водство од 0:2. Со колективност во играта и голови од сите позиции домашната екипа го презеде водството и во преостанатиот тек од натпреварот целосно доминираше. На полувреме резултатот беше 14:6 за екипата на Астраион.

Во вториот дел не се смени ништо. Разликата се зголемуваше, а на теренот шанса за покажување на своите квалитети имаа ракометарите од двете екипи.

Екипата на Астраион беше предводена од Васе Наков и Славе Јанковски кои постигнаа седум погодоци. Во составот на Македонија Ѓорче Петров, Златко Златановски и Кристијан Стојановски беа најефикасни со по четири погодоци.