Стружанки решија сè во второто полувреме кај Спартак

Ракометарките на Стружанка си заминаа со три бода од гостувањето во Скопјекај тимот на Спартак, после победата од 36:27 и продолжи со добрите резултати во Групата Б од Супер женската лига.

Средбата имаше дваесетина израмнети минути во кои и домашнит успеваа да се изборат за предност. И двете екипи се менуваа во водство во овој период. И Стружанка и Спартак имаа свои моменти при кои имаше различен ритам и постојано резултатска тензија.

Сепак, после 13:13, додека до првото резултатско одвојување. Гостинките направија 4:0 и оваа серија беше доволна на одмор да се замине со резултат 18:14 во корист на Стружанка.

Вториот дел од средбата мина главно во знакот на гостинките кои успеаја да го кренат ритамот на играта. Со тоа успеаја и постојано да ја зголемуваат предноста. Составот на Спартак не можеше да следи така што Стружанка лесно стигна до плус од осум, а потоа и од девет гола.

Овие плус девет беа сосема доволни за да може да се обезбеди висок триумф и д асе потврдат нови три бода бидејќи Стружанка од Скопје си заминува со победа од 36:27.

СПАРТАК – СТРУЖАНКА             27:36 (14:18)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

СПАРТАК: Е. Бочваровска, Самарџиска, Иво. Кимовска 1, Божиновска 2, Петковска 1, А. Бочваровска 1, Трајановска 1, Велигденова 1, Гроздановска 4, Драговиќ, Ива Кимовска 4, Кузмановска 1, Андовска 11

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Далипоска 9, Голабоска 4, Калајџиевска 1, Костеска 1, Раткушиноска, Переска 2, Б. Затуроска 3, И. Затуроска 5, Ѓоршулеска 1, Блажеска, Делиоска 10.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099