Стружанка со цел плен од гостувањето во Прилеп

Ракометарките на Стружанка иако беа со 11 ракометарки си обезбедија победа на гостувањето во Прилеп кај Деспина со 24:17.

Гостинките беа во предност во поголемиот дел од средбата и покажаа дека во моментов имаат нешто поквалитетен состав. Одиграа доволно добро за да можат да ги освојат бодовите така што во ниту еден момент не дозволија да има проблеми околу обезбедувањето на победата.

Тимот на Деспина се бореше максимално, но во завршницата на средбата веќе немаше сили за да се направи нешто повеќе.

ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА            17:24 (7:10)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Богеска, Боризоска, Гулеска, Е. Рипилоска 2, Ристеска, Камческа 1, Крстевска, Цветкоска 1, Спиркоска, Јовеска 2, Цанеска, Седлоска 1, Л. Рипилоска 7, Филипоска 2.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Јовичинац 1, Маркоска 4, Дукоска 5, переска 1, Јоноска 1, Затуроска 1, Балоска 1, Петреска 1, Делиоска 9.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 минќ