Стружани се комплетираат – Димитријески останува, пристигна босанскиот џин, а в сабота доаѓаат Црногорците

Тимот на Струга формираше солиден ростер во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Стружани се договорија за продолжување на соработка со средниот бек Славиша Димитријески, кој се приклучи на тренинзите, денеска доаѓа и десното крило Пеце Рајатоски.

Преговорите траат со кружниот напаѓач Александар Тренчевски кој е пред камбекот по настапите во финскиот Паргас ИФ, додека веќе пристигна босанскиот десен бек од Слобода Тузла, Дино Мехиќ.

За викендот се очекува да пристигнат и црногорските интернационалци – повратникот Богдан Николиќ, голманот Харис Сулевиќ, кој е младински репрезентативец на својата земјa и десниот бек Вук Лакичевиќ.

Струга ќе игра во групата A од Суперлигата со Астраион, Охрид, Пролет, Јуниор Кисела Вода, КЛ7 и Радовиш.