Стружанецот Маркоски го засилува Еурофарм Пелистер 2

Кружниот напаѓач на Струга, Петар Маркоски, е првото засилување на Еурофарм Пелистер 2 за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Стружанецот со одличните партии во Супер лигата го привлече вниманието на битолскиот клуб, кој реши да го ангажира во својот втор клуб.

Маркоски со раководството на клубот се договори на соработка, со важност до 2026 година.

Неговиот договор ќе стапи на сила од месец јули, односно пред почетокот на новата сезона.

Еурофарм Пелистер 2 на позицијата кружен напаѓач го има на располагање само Самоил Ристевски, откако Филип Арсеновски по регуларниот дел од сезоната замина во Швајцарија, поточно во екипата на Амичитија Цирих.