СТРУГА 2023: Комплетиран списокот – еве кои шест екипи ќе играат на Струшкиот турнир

Претстојното лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година и ќе се одржи 51. издание на Струшкиот турнир.

За разлика од минатото лето, ова лето од 16 до 19 август покрај езерото ќе играат шест екипи, од кои три се домашни, а три странски. Организаторот одново најавува одлични натпревари и четири дена уживање покрај езерото.

Своето учество го потврдија Вардар, тимот предводен од Кире Лазаров – Алкалоид, а тука е домаќинот Струга, како и шампионот на јужниот сосед на Македонија – АЕК Атина, шведскиот тим Гуиф и српскиот Партизан.

Најтрофејни екипи на овој турнир се Вардар и Еурофарм Пелистер со по 13 титули, но битолчани нема да ја бранат титулата освоена минатата година. Меѓу они кои освоиле по четири титули се Металопластика Шабац од Србија и Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина.

Од македонските екипи покрај водечките Вардар и Еурофарм Пелистер, турнирот во Струга го освојувале уште и Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш. 14 различни екипи од осум земји досега победуваме во Струга.