СТРУГА 2023: И вардарци се „чекираа“ во Струга (ФОТО)

Екипата на Вардар пристигна во Струга, и ќе имаат ракометарите неколку часа одмор пред првиот настап. „Црвено-црните“ во комплетен состав пристигнаа на 51. издание на турнирот “Струга 2023“ каде ќе се обидат да стигнат до рекорден 14. триумф.

Тие се во група со екипите на Струга и на ГУИФ Ескулстуна. По натпреварите во група следуваат во сабота мечевите за пласман. Вардар заедно со Еурофарм Пелистер (кој не настапува годинава во Струга) имаат по 13 титули.

Скопјани одиграа три контролни средби пред овој турнир, и на два победија. Турнирот во Струга треба да биде сериозен тест за квалитетот на Вардар пред двата квалифкациски дуели против Рајн Некар на 26 август и 2 септември за влез во групната фаза од Лига Европа.

Турнирот ќе биде отворен со натпреварот меѓу Струга и Вардар од 18:30 часот, по што следува свеченото отворање, па дуелот на Алкалоид и Динамо Панчево

Вардар пристигнување во Струга 2023

.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!