СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кој играч има освоено 12 титули во Струга

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

Скопски Вардар и битолски Еурофарм Пелистер се единствените со двоцифрен број на трофеи на турнирот во Струга – по 13. Тие се и најтрофејните во 50 годишната историја на уникатниот турнир што се одржува на отворено покрај Охридско Езеро. На листата на рекордери со двоцифрен број трофеи и со една идивидуална награда се вбројува и еден играч.

Интересно е дека тој играч е поранешен член и на Вардар и на Пелистер. Со двата тима освојувал трофеи во Струга, но и со уште еден тим за кој настапувал. Игра на позиција на крило и беше дел од сите најголеми успеси на репрезентацијата на Македонија.

Стефче Алушовски во својата богата кариера има освоено вкупно 12 трофеи во Струга. Најмногу има освоено со Пелистер – шест (сите во периодот од 89 до 97 година). Потоа се сели во Скопје каде со Вардар од 2000 до 2007 година петпати триумфрал во Струга. Има и еден трофеј со Металург во 2012 година. Следната година заминува во пензија.

РК Пелистер во 1989 година на турнирот во Струга: Од лево на десно, стојат: Бранко Раца, Нико Коруновски, Звонко Шундовски, Горан Шопов, Слободан Николиќ, Драган Маринковиќ, Стевче Стефановски, Митко доктор. Клекнат од лево кон десно Самир Сарач, Стевче Алушовски, Игор Котевски, Перо Босеовски, Билал Шуман, Диме Гроздановски, Роберт Секуловски, Александар Зарков.

Зад себе има и една индивидулнa награда за најдобар играч на турнирот од 2006 година. Како тренер беше дел од финалето во 2020 година на клупата на Вардар, но во тој дуел на неговите два поранешни тима за кои играл, подобри беа битолчани.

На 51. издание на Струшкиот турнир оваа 2023 година ќе играат шест екипи – три домашни (Струга, Вардар и македонскиот вицепрвак Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф). Од сите осум учесници, само Вардар и АЕК Атина го освојувале трофејот покрај езерото.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

.