СТРУГА 2023: Вардар – најтрофејниот македонски клуб ќе атакува на 14 трофеј покрај езерото

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој заедно со Еурофарм Пелистер имаат освоено по 13 титули покрај езерото.

Вардарци во 2021 година за последен пат беа шампиони на турнирот во Струга, ланската година одиграа по своите очекувања и завршија на 4 место, откако во дуелот за третата позиција беа поразени од Татран Прешов.

Со многу промени во споредбата од минатата сезона, вардарци ќе се обидат да се претстават во добро светло, но и доколку му се укаже шанса, да ја зголемат колекцијата на трофеи од традиционалниот турнир.

Исто така, екипата на Вардар не ја оствари зацртаната цел минатата сезона во домашниот шампионат, киксираше на некоку дуели и заврши како третопласиран тим во елитата.

Од клубот си заминаа Филип Талески, Велко Маркоски, Дејан Манасков, како и интернационалците – Куни Моралес, Јан Чувара, Леонардо Дутра и Андреј Добрковиќ.

Легендата на Вардар, кружниот напаѓач Стојанче Стоилов, како и голманот Борко Ристовски останаа во „црвено-црниот“ тим, но ќе работат во стручниот штаб и во раководството на двократниот европски шампион.

Вардар за новата сезона ги ангажираше Марко Срдановиќ (Металопластика), Стефан Петриќ (Партизан), Нилтон Мело (Викторија), Матија Николиќ (Лока), Косуке Јашухира (Висла Плоцк) и Ансер Родригез (Брага).

Тренерот Владо Недановски, кој повторно ја доби довербата да биде предводник на најтрофејниот македонски клуб, има подмладен тим за разлика од минатата сезона, но сите нови лица на Вардар ќе посакуваат да се докажат и да ги покажат своите квалитети, така што турнирот во Струга ќе биде вистински тест за нив.

Тимот на Вардар на 51. издание на Струшкиот турнир ќе игра во група со Струга и со шведскиот претставник Ескилстуна Гуиф, клуб кој што е предводен од екс селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ.

клучни играчи: Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Матија Николиќ

натпревари на Вардар на турирот во Струга:

Струга (16 август)
Ескилстуна Гуиф (18 август)
за пласман (19 август)

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!