СТРУГА 2023: АЕК Атина – грчкиот првак доаѓа по нов трофеј покрај езерото

Од 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51.издание на традиционалниот Струшки турнир. Покрај домаќинот, од Македонија ќе учествуваат екипите на Вардар и Алкалоид, додека од странство доаѓаат грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна Гуиф и српскиот Динамо Панчево. Со серија текстови, 24Ракомет ќе Ви ги претстви сите учесници на 51. издание на Струшкиот турнир.

Еден од странските тимови што се закитиле со трофеј на Струшкиот турнир е токму АЕК Атина. Овој тим славеше со 27-23 против Еурофарм Пелистер во финалниот натпревар од 2019 година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа. Оваа година првакот на Грција ќе биде во групата со Динамо Панчево и Алкалоид.

Грчкиот тим минатата сезона немаше добри настапи во Европскиот Куп, но затоа на домашна сцена ја освои титулата по финалната серија со Олимпијакос. Имаше големи промени во ростерот.

Заминаа Игнасио Моја, балканците Никола Јукиќ, Немања Живковиќ, Радојица Чепиќ, Ѓорѓе Голубовиќ, Французите Максимилијан Тике, Орелијан Чомби и средниот бек од Бразил, Леонардо Доменех.

Тренерот Алексис Алванос донесе квалитетни имиња – десниот бек Патрик Мартиновиќ, пикерот Игор Жабиќ, десното крило Криштоф Комаржевски и шведскиот среден бек Филип Јонсон, како и триото грчки репрезентативци – Харалампиос Малиос, Николаос Критикос и Вирон Пападопулос.

клучни играчи: Стипе Мандалиниќ, Харалампос Малиос, Иван Мацкевич

натпревари на АЕК Атина на турнирот во Струга
Динамо Панчево (17 август),
Алкалоид (18 август),
финале (19 август)

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!