СТРУГА 2023: АЕК Атина во неизвесен финиш го совлада Гуиф и заврши на трето место

Екипата на АЕК Атина со пресврт во вториот дел го совлада Гуиф со 29:27 во борбата за третото место на 51. издание на традиционалниот Струшки турнир.

АЕК Атина во првата половина од првиот дел наиде на цврста одбрана, па поради тоа немаше многу опции за изненадување против Гуиф. Шведскиот претставник тргна мотивирано во дуелот за третото место, имаше фуриозен налет и по петнаесетина минути игра предноста на избраниците на Зоран Рогановиќ беше 6:2.

Ракометарите на Рогановиќ по одличната игра во првите 20 минути, се уморија во борбата со АЕК Атина, но сепак, издржаа до паузата. По предноста на Гуиф од 10:5, Мандалиниќ и колегите пред крајот на првото полувреме се вратија во игра и со четири гола во низа намалија на само гол негатива, 10:9.

Во последните пет минути се играше гол за гол, резултатот во 27-та минута беше нерешен, 11:11, а до крајот на полувремето беа постигнати уште пет погодоци. Гуиф успеа да одржи минимална предност и на пауза замина со 14:13.

 

АЕК – ГУИФ 3 место Струга 2023

 

Неизвесноста од последниот дел од првото полувреме продолжи во текот на второто полувреме. Тимот од Шведска во 40-та минута имааше 17:16, а по осум минути, односно во 48-та минута, АЕК Атина го презеде водството, поведе со 22:21.

Последните десет минути минаа со изедначувања, пресврти и голема неизвесноста, а поголема среќа во финишот имаа ракометарите на АЕК Атина. Гуиф имаше шанса да се избори за реми и продолженија, но грешките во клучните моменти го чинеа пораз.

Тимот на Динамо Панчево го освои петтото место на традиционалниот турнир, откако славеше против Струга со 31:26.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!