СТРУГА 2022: Битолчани веруваат во успех – не чекаат квалитетни натпревари и машка борба

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!

Еден од најтрофејните тимови на Струшкиот турнир е битолски Еурофарм Пелистер, кој досега се радувал 12 пати на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа. Последен пат битолчани го освоија трофејот во 2020 година, кога во финалето го победија Вардар.

Екипите значително се променети во однос на таа година, но двата тима повторно се најголеми фаворити за трофејот. Најважната промена кај Еурофарм Пелистер е на тренерската позиција. На местото на Жељко Бабиќ дојде данскиот стратег Ларс Валтер, кој најави дека знае да се снајде во балканскиот ракомет, и веќе има работено во словенечкиот Горење Велење.

За Валтел најважно ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер добро да се воигра на натпреварите на Струшкиот турнир, па така освојувањето на првото место нема да биде во прв план.

„Возбудени сме што ќе гостуваме во Струга. Од моите пријатели слушнав дека се работи за квалитетен турнир со долга традиција. Доаѓаат многу добри тимови и тоа е одлично за нас. Ни треба таква силна конкуренција да ја воиграме екипата пред натпреварот против Мешков Брест. Се бориме со времето, бидејќи немаме многу време. Очекувам од натпревар во натпревар во Струга да бидеме подобри и само подобри. За мене важен е напредокот, а не финалниот пласман. Сите екипи се квалитетни и сите ги респектираме. Но, ние нема да мислиме на нив, туку само на нас и на воигрувањето. Имаме многу нови играчи и веројатно ќе ни треба време да дојдеме до вистинскиот Еурофарм Пелистер”, изјави Валтер.

Капитенот Мирко Радовиќ очекува со неговите соиграчи да одиграат квалитетни натпревари на Струшкиот турнир, на кој ќе ја проверат формата пред четвртфиналниот дуел со Мешков Брест во СЕХА лигата, како и пред настапот во Суперкупот каде за титулата ќе се борат против Вардар.

„Турнирот во Струга ни е идеален турнир да се подготвиме за она што ни следи: Суперкупот и СЕХА лигата. Тоа ќе биде убаво искуство. Таму имаме пријатни спомени, игравме одлични натпревари во Струга. Некои ги добивме, некои ги загубивме. Очекувам одлична подготвителна недела. Ги знаеме сите екипи кои доаѓаат. На овој турнир се гледаме себеси и цел ни е да се подготвиме на овој нов систем и на тоа што ни следи наскоро. Ќе биде квалитетен турнир, како и секоја година. Има квалитетни домашни екипи, квалитетни се и странските екипи и очекувам машка борба и многу квалитетни натпревари”, изјави Радовиќ.

СТРУГА 2022: Еурофарм Пелистер – со нов тим сака нов трофеј покрај езерото

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.