СТРУГА 2021: Уште еден ден до финалето, вечерва следуваат главните битки

Откако беа одиграни четири средби уште не е познато кои две екипи ќе се најдат во финалето на 49. Издание на Струшкиот турнир, а според сè се чека уште една пресметка на тимовите кои беа дел од Супер купот на Македонија.

Денеска се очекува да има интересни натпревари иако е јасно дека Вардар и Еурофарм се фаворити така што денеска се очекуваат интересни средби.

Инаку, вчера беа одиграни доста интересни дуели. Составите на Струга и Бутел Скопје ремизираа во интересен натпревар, а сега за распоредот ќе решава средбата Вардар – Бутел Скопје. Доколку Вардар победи со повеќе од 13 разлика домаќинот е втор, доколку разликата биде помала тогаш екипата од Скопје ќе заврши во битката за 3. место, додека стружани ќе играат против Металург за 5. место.

Од средбата меѓу Бутел Скопје и Струга која заврши со резултат 23:23 можете да погледнете и неколку интересни фотографии во продолжение.

49. Струшки турнир (Бутел Скопје – Струга)

Екипите на Бутел Скопје и Струга одиграа интересен натпревар во рамки на Групата 1 на вториот ден од 49. издание на Струшкиот турнир. Овој натпревар немаше победник бидејќи натпреварот финишираше со нерешени 23:23.  

Двобојот меѓу Еурофарм Пелистер и Металург синоќа, пак, даде најава за тоа кој ќе оди во трката за 5. место од оваа група. Затоа, пак, битолчани и кавадарчани ќе имаат пресметка за првото место во групата, а воедно и за тоа кој составот ќе се бори во финалето.

Како беше на дуелот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер (24:25) синоќа можете да погледнете и низ фотографиите.

49. Струшки турнир (Еурофарм Пелистер – Металург)

Суперлигашите Еурофарм Пелистер и Металург одиграа неизвесен натпревар на вториот ден на 49. издание на Струшкиот турнир во Групата 2. Победи тимот од Битола со 25:24 со гол на 30 секунди до крајот на средбата откако беше навистина интересно во завршницата од натпреварот.

Вечерва средбите се играат од 19 часот (Еурофарм Пелистер – Тиквеш) и од 21 часот (Вардар – Бутел Скопје).

СТРУШКИ ТУРНИР

ГРУПА 1

1.КОЛО

СТРУГА – ВАРДАР           26:39

2.КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА              23:23

3.КОЛО (21:00ч)

ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ТАБЕЛА: 1. Вардар 2 бода (39:26); 2. Бутел Скопје 1 (23:23); 3. Струга 1 (39:62).

ГРУПА 2

1.КОЛО

ТИКВЕШ – МЕТАЛУРГ   30:26

2.КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ      25:24

3.КОЛО (19:00ч)

ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: 1. Тиквеш 2 бода (30:26); 2. Еурофарм Пелистер 2 (25:24); 3. Металург 0 (50:55).