СТРУГА 2021: Еурофарм Пелистер супериорно против Тиквеш за финале и одбрана на трофејот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа одлично издание на вториот натпревар на Струшкиот турнир и со убедлива игра триумфираа над Тиквеш со 38:21 . Со оваа победа битолскиот тим го потврди пласманот во финалето на турнирот и ќе го брани трофејот од лани.

Во текот на целиот натпревар доминираше Еурофарм Пелистер, Тиквеш само го отвори натпреварот со 1:0 и тоа беше единственото нивно водство. Уште во почетните минути избараниците на Жељко Бабиќ започнаа да ја градат предноста.

Поведоа со 7:3, тренерот на Тиквеш со тајм-аут се обиде да ја прекине серијата на противникот но безуспешно. Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот и многу рано стигна до двоцифрена предност. Уште во првиот дел победникот веќе беше познат, а на паузата беше 20:9.

Второто полувреме беше фомалност, разликата постојано се зголемуваше беше 31:16, а потоа и 36:19. Тоа што победникот веќе беше решен им овозможи на двете екипи да играа поопуштено и да се обидат со атрактивни додавања и погодоци да ја забавуваат публиката.

Еурофарм Пелистер во финалето на Стуршкиот турнир ќе го очекува подобриот од натпреварот Вардар – Бутел Скопје, додека екипата на Тиквеш ќе игра во натпреварот за третото место.