СТРУГА 2020: Седмото место за Еурофарм Пелистер 2, битолчани славеа над домаќинот

Организаторот на Струшкиот турнир, поради страв од дожд, реши да го премести натпреварот меѓу домаќинот и Еурофарм Пелистер 2 во СРЦ „Нико Нестор“.

Седмото место го освои битолскиот тим, откако славеше над Струга со 23-21, а на полувремето беше нерешено, 8-8.

Стружани забележаа четири порази на турнирот, додека ова беше прва победа за Еурофарм Пелистер 2.

Според временската прогноза, можно е да има дожд околу 14 часот, па евентуално и натпреварот за петтото место да се игра в сала, но мечот за третото место и финалето, би требало да се играат на игралиштетото „Горан Попоски Бабец“.

СТРУШКИ ТУРНИР, 48. ИЗДАНИЕ
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

(7. МЕСТО)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА

(5. МЕСТО)
17:15 часот, БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП

(3. МЕСТО)
19:15 часот, ОХРИД – МЕТАЛУРГ

(ФИНАЛЕ)
21:15 часот, ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР