СТРУГА 2020: Охрид се вадеше во финишот, но си обезбеди победа и битка за 3. место

Во интересен натпревар на стартот од четвртиот ден на Струшкиот турнир, Охрид го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 26:22 после возбудливи 60 минути во кои младите битолчани дадоа силен отпор.

Од почетокот на средбата се виде солиден отпор на тимот на Еурофарм Пелистер 2. Овој тим поведе со 2:0 , но брзо дојде до промена во ритамот и веќе во 8. минутарезултатот се смени и охриѓани водеа со 3:2. Откако тимот од Битола израмни следуваше одново серија на Охрид.

Ова ново водство се одржуваше постојано и беше 2-3 гола разлика. Сепак, немаше простор за нешто повеќе од предност од три гола на одмор од 12:9 со оглед на тоа што момците од Еурофарм Пелистер 2 одиграа ангажирано во текот на првите 30 минути.

Она што го пропуштија во првиот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер го надоместија во продолжението од натпреварот. Успеаја да израмнат односно да се вратат во средбата. Брзо стигнаа до 15:15 и тука најавија интересно продолжение на натпреварот.

Како што одминуваше времето така стануваше дека охриѓани ќе мораат да засилат ако сакаат да дојдат до победа, а тоа дојде во последните десет минути. со 3:0 серија од 53. до 55. минута стигнаа до водство од три гола разлика и оваа предност се одржуваше до финишот. Противникот намалуваше, но имаше и грешки, па на крајот победата им припадна на ракометарите на Охрид.

Охриѓани славеа на овој дуел со 26:22 и тоа беше е сосема доволно на крајот од групната фаза да се има 2. место со кое утре се оди во дуел за 3. позиција со составот на Металург.