СТРУГА 2020: Митревски и Тодоровски ќе им делат правда на Вардар и Бутел Скопје

Фаворитите на натпреварите од четвртиот ден на 48. издание на Струшкиот турнир, повторно би требало да имаат лесни задачи како и вчера.

На првиот дуел меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, кој започнува од 17:15 часот, правдата ќе ја делат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегат ќе биде Славчо Каланоски.

Втората средба од 19:15 часот, меѓу Струга и Еурофарм Пелистер ќе ја судат Методија и Михајло Илиевски, додека делегат ќе биде Душко Камишевски.

Третиот дуел меѓу Вардар и Бутел, кој започнува од 21:15 часот им е доверен на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегат ќе биде Камер Металари.