Струга со прво засилување – потпиша српски среден бек

Тимот на Струга го промовираше првото засилување за претстојната сезона во суперлигашкото друштво.

Станува збор за 26-годишниот среден бек од Србија, Петар Бугариновиќ (190/92), кој доаѓа од босанскиот клуб Леотар Требиње.

Бугариновиќ потекннува од Смедерево, а има настапувано за Морава Велика Плана и Црвена Ѕвезда пред да замине во Босна и Херцеговина.

Тој ќе биде замена за Црногорецот Владан Кастратовиќ, кој дресот на Струга го замени со оној на Охрид.