Струга и Аеродром ремизираа на вториот тест натпревар

Откако во саботата тимовите на Струга и Аеродром играа пријателски натпревар на кој убедливо славеа стружани, вториот вечерва беше неизвесен.

Натпреварот заврши реми, 22-22, а стружани го имаа последното водство.

На полувремето аеродромци водеа со 14-12, откако претходно подобро го отворија натпреварот и имаа уште повисока предноста.

Во вториот дел следуваше пресврт, водеше домашниот тим во повеќе наврати и со три разлика, но таа не беше доволна за триумф.

Аеродром утре ќе игра натпревар против Охрид, додека на 27 август против Прилеп, додека Струга има во план средба со Работнички, која се уште не е потврдена.