Струга донесе нов голман – потпиша црногорскиот двометраш Печурица!

Екипата на Струга која во продолжението на сезоната ќе се натпреварува во плеј-аутот во Супер лигата ангажираше нов голман кој ќе го замени повредениот Никола Матовиќ.

Еден од најдобрите голмани во првенството на Црна Гора, Василије Печурица потпиша со тимот покрај езерото и е новото засилување на голот на Струга.

Печурица пристигнува во Струга од екипата на Будуќност за која сезонава брани одлично. Тој трипати беше прогласен за најдобар голман на колото во првенството на Црна Гора.

Малдиот црногорски голман има одлични физички предиспозиции, со висина од два метри се очекува да биде добро засилување за тимот на Струга и вистинска замена за неговиот сонародник.