Струга добива големо засилување – доаѓа еден од најдобрите стрелци во Суперлигата

Тимот на Струга, кој минатата сезона избори пласман во плеј-офот на Суперлигата, годинава ќе има тешка задача да го повтори истиот успех.

Затоа неопходни се засилувања, а првото во низата е искусното десно крило Бобан Блажески. Стружанецот, кој е еден од најдобрите стрелци во последните неколку сезони во елитното друштво, ќе се врати во матичниот клуб.

Блажески долги години го носеше дресот на Охрид, а клубот на негово место најверојатно ќе го ангажира десното крило од Металург, Мице Шилегов.

Освен за Струга и Охрид, Блажески настапуваше за тимовите на Куманово, Радовиш, МРК Вардар и Пелистер.