Струга го решава голманското прашање, Мартин Јовановски е пред потпис

Тимот на Струга е на добар пат да го реши голманското прашање пред стартот на новата сезона во Суперлигата.

Стружани се пред потпис со Мартин Јовановски, кој по завршувањето на ангажманот во алжирскиот првак ГС Петролиерс, се враќа во Македонија.

Јовановски, кој е поранешен чувар на мрежата на Охрид, Пелистер и Еурофарм Работник, ќе формира дуо со Влатко Затаракоски, кој се врати во матичниот клуб по настапите за Јуниор Кисела Вода.

Струга се наоѓа во групата A од Суперлигата и ќе игра против Пролет, Охрид, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, КЛ7 и Астраион.