Стојковиќ: Нормално е секој да згреши на вакви тешки натпревари

Македонија загуби од Холандија со 34-24 и многу веројатно ќе решава еден на еден против селекцијата на Аргентина за пласман во главната рунда на Мундијалот.

Еден од дебитантите во репрезентацијата на Македонија, Марко Стојковиќ е оптимист за натпреварот со Аргентина истакнувајќи дека Македонија може да ја добие незгодната селекција од Јужна Америка.

,,Против вакви професионални играчи е многу потешко да се игра, отколку во нашата лига. Ова е едно ново искуство за мене. Чекор по чекор треба да се надградуваме, сите помладите, сите имаат одредена задача. Има голем притисок, тоа е нормално, се работи за турнирски систем и секој сам треба да си се измотивира и да ја исполни својата задача. Нормално е секој да згреши на вакви тешки натпевари. Мислам дека имаме сили за Аргентина, добро ќе се подготвиме за тој натпревар и мислам дека може да ги добиеме”. изјави Стојковиќ.

Мечот меѓу Македонија и Аргентина од третата рунда ќе се игра на 17 јануари од 18:00 часот.

Македонија немоќна и против Холандија, Аргентина е последна шанса за прогрес