Стојаноски со блескава партија во БиХ

Македонскиот интернационалец Александар Стојаноски повторно имаше одлична партија во босанскиот шампионат.

Стојаноски со екипата на Искра Бугојно на незгодното гостување кај Маглај одиграа нерешено, 26:26 (18:16).

Голема заслуга за освоениот важен бод за екипата од Бугојно имаше токму голманот Стојаноски, кој запре 20 удари на противникот.

Искусниот Стојаноски во вторите 30 минути прими само осум гола, а забележа 13 одбрани, дел од нив беа во клучните моменти од неизвесниот финиш.

Искра Бугојно по 16 одиграни натпревари се наоѓа на 11. позиција со биланс од шест победи, две реми и осум порази, односно 14 бода.