Стојаноски одличен меѓу стативите, Искра до петти сезонски триумф!

Македонскиот интернационалец Александар Стојаноски продолжува со одличните партии во шампионатот на БиХ.

Стојаноски со Искра Бугојно во натпревар од 12. коло од тамошниот шампионат беа подобри од тимот на Херцеговина со шест гола разлика, 34:28.

Македонецот повторно влезе во елемент и во дуелот против Херцеговина забележа 15 одбрани, со што беше меѓу најзаслужните за освоената победа, со која тимот на Искра Бугојно останува во игра за пласман меѓу петте најдобри екипи.

Искра Бугојно на табелата моментално има 11 бодови, односно биланс од пет победи, едно реми и шест порази.

Следен предизвик за Стојаноски и колегите ќе биде гостувањето во Горажде против истоимената екипа.