Стојановиќ: Имам повеќе понуди, но нема да брзам со одлуката

По три сезони на клупата на Охрид, Раде Стојановиќ во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Се споменува ангажман на клупата на Пролет, разговори со уште неколку суперлигаши кои се во потрага на нов тренер, но Стојановиќ вели дека нема да брза со одлуката за новото работно место.

„Разговарам со клубови од Суперлигата,ме радува тоа што ја ценат мојата работа и го препознаваат мојот квалитет како професионалец. Многу млади наши македонски играчи се афирмираа во овие неколку години во мојот тренажен процес. Имам и опција за странство, но нема да брзам со одлука. Ова лето имам доста обврски со кадетската репрезентација, не чека многу работа и се надеваме на успех,моментално сум околу тоа фокусиран“, вели Стојановиќ.

Селекторот на кадетите наскоро треба да го објави поширокиот список, а потоа ќе бидат познати и деталите околу подготовките за ЕХФ шампионатот во Летонија, каде покрај домаќинот ќе играме со Турција и Косово.