СТОП за ракометот и во Словенија и Полска!

Откако Данска и Норвешка, како и Шпанија, ги стопираа сите ракометни настани или на неодредено време или во следните 14 дена, истото го сторија и ракометните федерации на Словенија и Полска, поради заканата од ширење на коронавирусот.

Словенците ги одложија на неодредено време сите ракометните дуели во сите конкуренции, а нејасно е дали и натпреварот меѓу Целје и Келце од Лигата на шампионите ќе се игра во претходно најавениот термин.

Во Полска веќе беше одложен квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 меѓу женските селекции на Полска и Романија, кој беше закажан за 25 март, а тамошната федерација веќе