Стоилов: Младите ќе добијат шанса против Војводина, очекувам и да донесат нов триумф

Ракометарите на Вардар ќе имат две средби во два дена в недела и в понеделник, а ова ќе биде сигурно шанса и за помладите да добијат минутажа особено в понеделник против Војводина.

Капитенот Стоилов е сигурен дека тие ќе знаат да ја оправдаат довербата и да донесат нов триумф.

„Војводина е екипа која мораме да ја победиме. Играме дома и сме фаворити. Играчите кои го носат товарот цела сезона ќе одморат на овој меч, па ќе остане простор за младите да одиграт и да покажат дека можат повеќе за да обезбедиме уште една победа“, изјави Стоилов.

Натпреварот против Војводина се игра в понеделник од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.