Стефан Колоски заминува од Тиквеш

Тимот на Тиквеш за следната сезона во ростерот нема да го има левиот бек Стефан Колоски.

Стружанецот има неколку опции за наредната сезона, а покрај понуди од домашни клубови кои ќе играат во Супер лигата, има и неколку понуди за странство.

„Заминувам од Тиквеш поради недоволната минутажа што ја имав во изминатата сезона. До овој момент, имам неколку понуди за наредната сезона од домашни клубови кои се натпреваруваат во Супер лигата и понуди за странство, односно за Босна и Херцеговина. Размислувам каде би било најдобро да ја продолжам својата кариера, приоритет ќе им дадам на домашните клубови од приватни причини, но не се исклучува опцијата да заминам во странство”, изјави Колоски за 24 Ракомет.

Колоски во својата кариера освен за Тиквеш настапуваше и за екипите на Струга, Работнички, Јуниор Кисела Вода, Бутел Скопје и Радовиш.

Претходно Тиквеш се раздели и со српскиот среден бек Душан Медиќ.