Стефан Колоски го продолжи договорот со Тиквеш

Левиот бек од Струга, Стефан Колоски, и во новата сезона ќе го носи дресот на новиот суперлигаш Тиквеш.

Колоски, кој освен матичната Струга, играше за Работнички, Јуниор Кисела Вода, Бутел Скопје и Радовиш, минатата полусезона ја мина во Кавадарци.

Остави солиден впечаток таму, па раководството му го продолжи договорот и за следната сезона.

Кавадарчани на левата бековска позиција ги имаат Јане Јанчев, како и Србинот Душан Медиќ, а наскоро се очекува да се засилат со уште еден играч на оваа позиција.