Стефан Додиќ со прв гол за Србија – втор најмлад дебитант во историјата!

Репрезентацијата на Србија ја совлада Франција во заостанатиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2022 година, а свое деби за сениорите запиша и ракометарот на Металург, Стефан Додиќ.

Тој во Зрењанин ја тресеше мрежата на Франција во 50. минута на дебито го постигна и деби погодокот.

Средниот бек на тимот од Автокоманда, со 17 години и девет месеци, стана втор најмлад дебитант во историјата на српскиот ракометар доколу се земат во предвид официјалните натпревари на големите натпреварувања и квалификацииите.

Единствен кој помлад од Додиќ дебитирал за националниот тим е голманот Страхиња Милиќ, кој доби шанса со 16 години и шест месеци од тогашниот селектор Јовица Цветковиќ на квалификациски меч за СП 2007.

Додиќ на третото место го помести Дарко Ѓукиќ, екс член на Металург, кој во 2012 година дебитираше за сениорската репрезентација со 17 години и десет месеци.