Стефанија Ѓорѓиевска е прво засилување за Чаир

Поранешната кадетска репрезентативка на Македонија, Стефанија Ѓорѓиевска во новата сезона останува во Скопје, но ќе настапува за друг клуб.

Левото крило заминува од Вардар и во престојната сезона ќе биде една од новите ракометарки во редовите на Чаир. Таму ќе се бори за поголема минутажа во натпреварите од домашниот шампионат.

Ѓорѓиевска ги мина сите младински категории на Вардар, почнувајќи од пионерската екипа, па се до сениорскиот дрес на „црвено-црните“.

Чаир во новата сезона ќе настапи со изменет состав од минатата, дел од најдобрите ракометарки веќе се ангажирани во други клубови, а раководството на клубот ќе треба да бара дополнителни замени за испразнетите позиции.