Стевановиќ: Едвај чекам да заиграм пред битолчани, целта ни е титула во Македонија!

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска го промовира новиот ракометар – левиот бек од Србија, Дарко Стевановиќ.

Тој до неодамна беше дел од белорускиот првак Мешков Брест, а сега потпиша договор со битолчани до крајот на следното лето.

„Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите“, изјави Стевановиќ.

Првиот настап за битолскиот клуб, Стевановиќ би требало да го има в сабота на братскиот двобој со Еурофарм Пелистер 2.